Каролина Гочева за Pinko со бонус комбинација
Каролина Гочева изненади со уште една серија на фотографии за италијанскиот бренд Pinko.
Ова е последна комбинација за овој бренд од колекцијата есен/зима 2018. Малку поинакво издание со кое ја заокружуваме соработката со брендот Pinko за групацијата Магнетик. Прекрасно сако- фустан кое може да се искомбинира за секаква прилика.
Повторно истиот тим на фотографи стои зад овие фотографии: Лилика Стрезоска и Елена Фиданска.
Магнетик откриваат дека следната фотосесија ќе биде изработена за брендот Weekend Max Mara од Max Mara групацијата.
Очекуваме со нетрпение.
Магнетик во соработка со:
ФОТОГРАФИЈА // Лилика Стрезоска, Еленса Фиданска
ШМИНКА // Марија Ленчевска
ФРИЗУРА // Џеси Костиќ