Есенски трендови кои фешнистките ги обожуваат, а француските дами не ги поднесуваат
Од животинскиот принт до неонските бои, трендсетерките сезонава прават прилично смели модни избори. Сосема очекувано – нивните фаворити не го поминаа остриот суд од кралиците на стилот. Французинките никогаш нема да ги видите во пет мошне актуелни парчиња облека. Кои се тие?
Новото годишно доба ни донесе неколку есенски хитови кога е гардеробата во прашање.
Трендсетерките први ги промовираа личните фаворити на Инстаграм, по што започна масовното лудило.
Нивните комбинации собираат илјадници лајкови на социјалните мрежи, а следбеничките се трудат што поверно да ги ископираат.
Ако сте љубителки на класиката, или, пак, квалитетот наспроти квантитетот, тогаш веројатно ви е поблизок вкусот на Французинките.
Тие се префинети жени кои воопшто не им робуваат на трендовите, туку негуваат карактеристичен елегантен, а во исто време и опуштен стил.
Ним пријатно им е во облеката што ја имаат на себе. И зрачат со самодоверба додека ја носат.
А, пет актуелни модни парчиња во моментот, за нив како да не постојат. Можеше и да се претпостави, зар не?
Ова се есенските трендови кои фешнистките ги обожуваат, а француските дами не ги поднесуваат:
1. Животински принт
Иако важи за еден од најпопуларните дезени на сезоната, француските дами мислат дека животинскиот принт е невкусен.
И, не го прифаќаат по ниту една цена. Капутот со леопардски шари неретко има зелено светло.
Но, тигар или зебра – нема шанси! Уште повеќе ако се искомбинирани заедно.
2. Крзненa јакнa
Французинките се познати по својата сензуалност. Внимателно одбираат парчиња кои им ласкаат на фигурата.
Затоа и трендот со омилените „teddy bear“ jакни го заобиколуваат во широк радиус.
Не им се допаѓаат ваквите модели, затоа што на ниеден начин не придонесуваат кон женствен и нежен изглед.
3. Кариран дезен
Рамо до рамо со животинскиот принт стои и карираниот дезен. Ни овој есенски тренд не наиде на одобрување од француските дами.
Доколку сепак пронајдат карирано парче што им се допаѓа, тоа може да биде исклучиво со отмен и крупен дезен во загасита боја.
4. Бициклистички шорц
Светските трендсетерки го носат ова спортско парче дури и со сакоа.
Французинките, пак, сѐ уште сметаат дека на ваквиот тренд му е местото во теретана или сала за вежбање. Никако на градските улици.
5. Неонски бои
Француските дами секогаш избираат нежни и неутрални тонови. Тие им даваат простор за игра со деталите.
Неонските бои кај нив не проаѓаат ниту во спортски прилики.
Затоа, пак, Кајли Џенер, Јелена Карлеуша и Ким Кардашијан ги промовираат во секоја пригода – обично во латекс варијанта.
Французинка или трендсетерка – какво е вашето модно расположение оваа есен?
M. A. | Црнобело