Фенси на ниски температури: Како да носите мини фустанчиња во есен?

Со почетокот на студеното време, не е неопходно да се збогувате со омилените куси парчиња. Напротив. Тие ќе бидат вистински хит тековната сезона.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-1.png

Дизајнерите годинава се инспиририрани од модата на ’90-тите, па сугерираат да одберете ултра секси мини фустани.

Но, како да изгледате фенси, спектакуларно и тренди, без да „премрзнете“ на сè пониските температури?

Ова се петте начини на кои може да носите мини фустанче во есен:

1. Со јакна...

Ако вам омилен стил ви е кежуал варијантата, добредојдена е кожената јакна.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-2.png

Таа се комбинира со речиси сите парчиња облека, а ни краткиот фустан не е исклучок. Модерни алтернативи ќе бидат бомбер и тексас јакните.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-3.png

2. Со топол џемпер...

Големите плетени парчиња се хит на сезоната. Се прашувате како да го вклопите топлиот џемпер со мини фустанче?

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-4.png

Постојат мноштво варијации на оваа тема. Од откопчан кардиган, па до здолниште кое само се наѕира под масивниот пуловер.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-5.png

3. Во плетена варијанта...

Најактуелниот мини фустан за есен е плетениот модел.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-6.png

Прво е топол. Второ е удобен. А, трето – мошне е модерен.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-7.png

4. Со мантил...

Есента не може да се замисли без класичниот мантил.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-8.png

Иако може да се носи со буквално сè, комбинацијата со мини фустан е сепак најспектакуларна.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-9.png

5. Со чизми...

Спојот на мини фустан и чизми им е омилен на мноштво девојки. Вака неретко се облекуваат познатите модни блогерки и ѕвезди од шоу бизнисот. 

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-10.png

Доколку и вие се решите за оваа комбинација, фокусирајте се на моделите со долги ракави.

fensi-na-niski-temperaturi-kako-da-nosite-mini-fustanchinja-vo-esen-11.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg