Најбараниот џемпер на Pinterest за есен-зима 2018 (фото)
Ја отворивме сезоната на топли и меки џемпери, а идеи за комбинации секогаш бараме на Pinterest.
Покрај многуте комбинации како здолниште и џемпер, аутфит во боја на цимет, џемпер-фустани и карирани капути, девојките најмногу пребаруваат едно парче облека кое ќе ја обележи оваа сезона.
Тоа се секако сивите џемпери, а најпребарувани зборови на Pinterest се grey sweater (сив џемпер), според еден американски сајт.
Сигурно поседувате и вие барем еден сив џемпер, а ако не, време е да си набавите неколку за кои нема да зажалите.
Можете да ги носите како туника, фустан, или во комбинација со фармерки и здолниште, зависно од моделот и дебелината на џемперот.
Инспирација за комбинирање на сив џемпер – хит за есен-зима 2018:
М. М. | Црнобело