Совршени за есен: Модни додатоци во боја на вино (фото)
Бордо, марсала и бургунди се нијансите кои се присутни во гардеробата на дамите изминатите години. Како ќе се носат оваа сезона?
Речиси и да не е постои жена што не се вљубува на прв поглед во облеката, или, пак, аксесоарите во боја на вино. Тие станаа неизоставен дел од есенските и зимските комбинации на стилски освестените девојки.
Лани популарноста на оваа палета опадна, ама затоа сезонава одново се најде меѓу хит нијансите за студените денови. А, ќе биде и една од најпосакуваните, кога се модните додатоци во прашање.
Во последните колекции на модните куќи, може да се сретнат чизми и чанти во прекрасни тонови на вино. Есенва е хит и животинскиот принт, па бордо црвената честопати се користи како основа.
Што се однесува до трендсетерките и фешнистките, ним омилени им се интересните чантички со кружна форма, како и каубојките, за што сведочат илјадниците лајкови на социјалните мрежи.
Не е тешко да ја вклопите бојата на вино во сопствената гардероба. Започнете од аксесоарите, избирајќи го начинот што најдобро одговара на вашиот личен вкус.
Доколку ви недостасува инспирација – погледнете ги нашите стилски предлози од галеријата во продолжение:
М. А. | Црнобело