8 трикови за девојките кои не се родени со идеално чувство за мода
Кога не знаете што да облечете, облечете се од глава до петици во црно, а кога се двоумите околу накитот ставете дискретен.
Не ги бива сите за сè, па така нема ништо срамно ако немате совршено изострено сетило за мода и понекогаш се колебате дали доволно добро ги правите комбинациите.
Ако се препознавате во ова, тогаш постојат трикови кои ќе ви помогнат да изградите одличен моден стил:
Формирајте база за облекување
Основната гардероба нека ви биде составена од парчиња кои лесно се комбинираат и имаат неутрални бои.
Купете си маички во црна и бела боја, квалитетен пар фармерки, чевли во крем или сива нијанса, класична бела кошула, едноставен црн фустан, тесно здолниште, класични панталони во неутрална нијанса и некое џемперче без многу детали.
Изберете една работа
Ако не сакате да направите модна грешка, кога правите комбинација изберете само една работа што ќе доминира, без разлика дали тоа е кошула со волуменозни ракави, краток фустан, но затворен кај деколтето, или пак долг фустан со длабоко деколте.
Не носете модни додатоци со знакови на брендови на нив
Впечатливите логоа на познатите брендови на вашите модни додатоци, особено ако се фалсификат, прават да изгледате како човек без стил и ја рушат целокупната слика за вашиот изглед.
Облечете се во црно од глава до петици
Се разбира, не ве охрабруваме ова да го правите секогаш и секаде, но најголем непријател на добриот изглед е неспособноста за комбинирање на бои.
Затоа кога не знаете што да облечете, облечете се комплет во црно и експериментирајте со материјалите и кроевите.