Што те прави тебе слободна? Новото модно видео со Каролина Гочева за Max&Co
Каролина Гочева и Магнетик групацијата ја продолжуваат својата соработка по завршувањето на летните одмори.
Последниот дел од приказната за италијанскиот бренд Max&Co, групацијата Магнетик го заокружи со модно видео.
Идејата зад видеото е да се преслика среќата и убавина која ја поседуваме сите и доаѓа од внатрешниот мир и слобода. Слободата е нешто што никој не може да ни го одземе. Емоциите, соништата, желбите пресликани во едно прекрасно видео. Чувството на слобода и безгрижност е незаменливо.
Главната улога во ова модно видео ја има секако Каролина Гочева облечена во нежна и впечатлива комбинација од Max&Co.
Зад видеото стои тимот на Vesta production.
Уживајте: