Хит комбинација за меѓусезона: Како да носите фустан и патики?
Независно дали есента официјално е пристигната, периодите на преминување од едно во друго годишно време и приспособувањето знаат да бидат многу тешки, посебно кога станува збор за избор на облека.
За деновите кога е доволно топло за да не сакате да се облечете во панталони и блуза, но сепак постои можност за дожд и поладно време, кобинација од фустан со патики е идеална и омилена на многу блогерки.
Можете да одберете долг или краток, тесен или широк фустан, зависно од пригодата и да го комбинирате со различни модели на патики, средена коса и неколку додатоци.
Во секое време ќе изгледате дотерано и стилски, а сепак не претерано, а и нема да губите многу време на комбинирање повеќе различни парчиња облека.
Погледнете неколку идеи како може да носите фустан и патики:
М. М. | Црнобело