Мајка која секој ден се облекува идентично со ќерката, признава дека „навиката“ ја чини скапо
Јесениа Медина од Калифорнија има чудна „навика“ да се облекува себеси и своите дечиња во идентични комбинации.
39-годишната мајка на 10-годишната Моник вели дека не штеди кога се работи за идентични аутфити со ќеркичката, па понекогаш го вклучува и нејзиниот 1-годишен син.
За некои парчиња облека кои е тешко да се најдат во големини за мајка и ќерка, вели дека и сама вмешува прсти, па ги преработува и доработува за да си личат.
„Веројатно оваа навика низ годините ме чинеше илјадници долари, а околу 20-тина аутфити имам сама направено.
Имаме прилично големи гардеробери. Ако нешто сме носеле еднаш и сме објавиле слика на Инстаграм, голема е веројатноста дека никогаш повеќе нема да го облечеме,“ раскажува мајката.
Сопругот и татко на дечињата е нивниот верен фотограф кој ја следи оваа модна навика:
М. Д. | Црнобело