Една боја која Меган Маркл и Кејт Мидлтон никогаш не би ја облекле
Британското кралско семејство константно се соочува со критики насочени кон стилот и модните избори, со оглед на тоа што секој чекор им е следен како со лупа.
И додека кралицата Елизабета обожава силни и впечатливи бои, Кејт Мидлтон и Меган Маркл сепак се држат до пастелните, земјени и темни тонови.
Но, која е бојата која Меган и Кејт никогаш не би ја облекле на себе? Портокалова.
Зошто баш портокалова?
Како што тврдат истражувањата на Harpers Bazaar и Glamour, постојат dдве причини зошто сопругите на принцовите никогаш нема да ги видиме облечени во портокалово.
Прво, бојата изгледа ужасно на фотографиите.
Второ, кралицата Елизабета често може да ја видиме во портокалови комбинации за разни свечености, па никој не би сакал да биде нејзин „ривал“.
М. Д. | Црнобело