Модни совети кои ќе направат облеката да ви изгледа скапо, без да потрошите многу
Иако можеби не верувате дека е така, сепак важно е да сфатите дека не секогаш мора да потрошите богатство за да изгледате добро.
Квалитетот на облеката го прави своето, но тоа не значи дека секогаш треба да биде премногу скапа за да делува така.
Доволно е да го погодите материјалот, бојата или комбинацијата и веднаш ќе изгледате подобро и со обични брендови.
Во продолжение погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат облеката на вас да не изгледа евтино.
А, најважно од сè е тоа што нема ниту да ја платите скапо и повеќето работи веќе ги имате.
Соодветен материјал
Брендовите кои се фокусираат на квантитет, каде може да најдете парчиња кои изгледаат слично со дизајнерските, за жал не обрнуваат многу внимание на квалитетот.
А, секако, не секој може да си дозволи да купи облека од кашмир, природна свила или вистинска кожа.
Но, затоа е важно внимателно да ги бирате материјалите кои ќе ги купите за нормална цена, за тие да не изгледаат како евтини партали.
Бирајте облека од лен, превртена кожа, кадифена или пак памучна, а запомнете дека дури и најдобрите дизајни, ако се направени од вискоза, може да дадат евтин впечаток.
Еднаквост на бои
Постои причина зошто дизајнерите секоја сезона прават комплети во иста или слична боја.
Секако, може да експериментирате со дезени, но секогаш е подобро кога ќе одберете парчиња во иста или слична боја и ќе создадете еднаквост во изгледот што делува моќно и скапо, споредено со шаренило.
Бели кошули
Според многу дизајнери, белата кошула никогаш не е лош избор, а најдобро е што секогаш може да се комбинира различно и да изгледа совршено.
Одлична е за жени на секоја возраст и може да се одбере различен материјал и модел, па инвестирајте во неколку различни бели кошули, нема да погрешите.
Впечатлива чанта
Чантата е еден од најважните аксесоари, независно на каква пригода одите. Оние од познатите брендови секогаш привлекуваат најмногу внимание, но ако не може да си ги дозволите, не значи дека не може да бидете во фокусот.
Држете се до еден совет – никогаш не купувајте копии на брендовите. Одберете нешто што ви е достапно, но оригинално. Бирајте уникатни и впечатливи дезени, додатоци или натписи кои нема премногу да бодат во очи.
Копчиња
Неверојатно е тоа што обична кошула, џемпер или мантил може целосно да го трансформираат својот изгледа само со менување на копчињата.
Евтината облека обично има обични пластични копчиња кои некогаш дури немаат ни соодветна боја за моделот.
Но, за малку пари, може лесно да ги замените со дрвени или метални или барем со некои кои ќе имаат соодветна боја.
Добра и квалитетна боја
Избледената облека независно дали е стара или купена нова, дава изглед на евтино парче и застарено.
Затоа секогаш бирајте облека со посилни бои кои ќе остават впечаток и ќе изгледаат моќно на вас, а избледената облека можете без жалење да ја фрлите или подарите.
Убавината однатре
Можете да изгледате совршено дури и кога сте облечени во најобична комбинација, ако внимателно ги одберете парчињата и секако, ако знаете како да ги носите со достоинство, елегантност, грациозност, самодоверба и насмевка!
М. М. | Црнобело