Зошто Меган Маркл сè почесто носи фустани со џебови?
Меган Маркл откако стана војвотка, почна да гради свој сопствен стил и често може да се забележи во слични парчиња облека и модели на различни настани.
Она што може да се забележи, е дека во последно време, војвотката од Сасекс сè почесто се појавува во фустани со џебови.
Меган изгледа совршено во секоја комбинација, но како и многу други работи, ниту овој детаљ не е без причина.
Според британскиот Express, причината за ова веројатно е тоа што војвотката сака да ја охрабри модната индустрија за поголема функционалност при дизајнирање на облеката.
И жените некогаш сакаат да го остават телефонот или клучевите во џебови, без да мора да носат чанта за 2 работи, или пак едноставно да има каде да ја потпрат раката.
Со честото носење на фустани со џебови, војвотката од Сасекс прави притисок врз модната индустрија, така што ги поттикнува да прават повеќе фустани со џебови, за да бидат функционални и декоративни истовремено.
М. М. | Црнобело