6 модни комбинации кои познатите Французинки никогаш не би ги носеле на работа
Французинките се познати како најмодерните жени во светот. Нивниот елегантен и лесен стил изгледа секогаш модерно и е еден од најпосакуваните ширум светот.
Затоа ви нудиме совети од познати Французинки за комбинации кои тие никогаш не би ги носеле за на работа:
Morgane Sezalory - основач на модниот бренд Sezane
Морган изјавува дека на работа никогаш не би носела високи потпетици. Како Французинка која преферира лежерен стил и носењето на високи потпетици ѝ е навистина неудобно кога треба да помине 8 часа на нозе.
Annelise Michelson - дизајнерка на накит
Анелис никогаш не би носела кратки, мини здолништа. Таа вели дека на работа сака да се чувствува удобно, а мини здолништата не се познати по тоа.
Jeanne Damas основач на брендот Rouje
Оваа модна икона вели дека на работа никогаш не би носела некој долг фустан кој наликува на венчаница. Таа сака модерен, но едноставен стил и затоа вели дека минимализмот е секогаш добар избор за работното место.
Johanna Senyk - основач на брендот Wanda Nylon
Неудобна, тесна, кратка облека и високи потпетици се дефинитивно на списокот на парчиња кои таа не би ги носела на работа. Исто како и секоја жена и таа преферира на работното место да се чувствува пред сè комотно.
Adenorah - основач на брендот Adenorah x Leon & Harper
Оваа Французинка вели дека на работа никогаш не би отишла во одело. Нема комбинација која секогаш ја преферира и сака да експериметира со гардеробата сè додека комоцијата е на прво место.
Lydia Bahia - основач на брендот La Seine et Moi
Во нејзината работна гардероба нема да најдете хеланки, и чипкан градник со тенка и проѕирна кошула. Иако ги следи трендовите сепак на работа секогаш сака да изгледа пред сè пристојно и да ѝ биде удобно.
К. Д. | Црнобело