Нозете ќе ви изгледаат подолги, а телото послабо - 4 трикови за паметно облекување
Сезона на сончеви зраци, плажа и одмори. Летните фустанчиња, здолништа и кратките панталончиња и маички се првото парче облека по кое посегнуваме во овие топли денови.
Доколку очајувате поради недостатоците на вашето тело, за почеток знајте дека не сте единствените. Откако ќе сфатите дека никој не е совршен, насочете се да го извадите максимумот од летното дотерување.
Со мали оптички илузии може да направите нозете да ви изгледаат подолги и послаби, а телото повитко. Трикот е во паметното облекување и комбинирање на добри парчиња облека.
Што да облечете со цел да изгледате послабо?
Здолништа или панталони со висок струк
Запаметете–високиот струк е вашиот најдобар пријател, особено доколку сакате да го скриете стомачето или вишокот околу половината. Тој ги „лаже“ очите и визуелно прави нозете да ви изгледаат подолги.
Црно, црно и повторно - црно
Едно од најстарите правила во облекувањето е и наједноставно: белото додава килограми, црното ги одзема. Црната боја треба да ви стане една од омилените, доколку веќе не е. Нога носите црни фармерки или панталони, нозете автоматски ви изгледаат послабо.
Доколку пак се одлучите за комбинација од црни панталони со висок струк, ќе изгледате минимум 3-4 kg послаби.
Кратки панталони и здолништа
Ова секако не значи дека постојано мора да носите мини или премногу куси здолништа, но кога ќе се одлучите да облечете здолниште пожелно е да биде малку над колената, со цел да создадете илузија на подолги нозе.
Високи чевли со шпицест врв
Одлично одговараат со фустани, здолништа, панталони, па дури и фармерки. Високите птикли ќе направат визуелно да изгледате повисоки = послаби, а благиот заоблен врв ќе направи нозете да ви изгледаат уште послаби.
(О)Милена | Црнобело