Ќе ги платите поскапо од злато: 5-те најскапи патики во светот
Модниот бизнис во голема мера се ориентира кон носењето патики. Сите познати фирми што произведуваат облека, имаат и своја линија на патики.
Пазарот врие од нови модели како никогаш досега, но тоа не значи дека се намалила и цената на еден пар патики. Напротив, со побарувачката расте и цената на еден пар дизајнерски патики.
Производителите знаат дека секој нов модел ќе биде нешто што ќе мора да го поседува секој што ја следи модата, па затоа и сакаат добро да заработат на сметка на тоа.
Кои се петте најскапи модели на патики, откако земаа сериозно замав во модната индустрија?
1 Ди Џеј Калед „Грејтфул“ Џорданки 3: 25.000 долари
Џорданките отсекогаш биле брендот на патики што ја диктирале цената на пазарот.
Еден од најновите учесници во бизнисот со Џорданки е Ди Џеј Калед со моделот „Грејтфул“ Џордан 3. Само неколку месеци откако беа пуштени во продажба, светлоцрвените патики достигнаа цени помеѓу 16.000 и 25.000 долари.
2 Бушеми 100 ММ Дијамант: 132.000 долари
Има многу случаи каде познати личности земаат обичен пар патики и ги украсуваат со злато и дијаманти за да бидат скапи и уникатни, како што е тоа случај со Дрејк, којшто направи за себе пар патики од злато коишто чинат 1,9 милиони долари, но тоа не е доволно за да се најдат на листа, бидејќи не се сериски модел.
Сепак, брендот Бушеми може да се најде на листата бидејќи направи серија од модел на патики украсени со 11,5 карати дијаманти поставени во 18-каратно злато и ги пушти во продажба.
3 Адидас НМД-Р1 „Фамилија и пријатели“: 10.000 долари
Откако се појавија новогодишните Буст и Јизи моделите, Адидас сè почесто има модели со четирицифрена цена.
Брендот НМД во соработка со Адидас направи неколку модели, од кои „темноцрниот“ модел се продава за 5000 долари, но тоа не е ништо во споредба со моделот „Фамилија и пријатели“ НМД-Р1, којшто е плетен модел со камуфлажен дезен сличен по боја на ОГ НМД, но со цена од 10.000 долари.
4 Фарел Вилијамс Адидас ХУ НМД Фамилија и Пријатели: 10.000 долари
Фарел е вистински професионалец кога станува збор за тоа како да се предизвика возбуда кај публиката.
Исто така, тој знае тоа да го пренесе и кај купувачите и затоа е често пати инволвиран во безбројни соработки во модната индустрија. ХУ НМД го комбинира комфорот на Буст моделите со естетиката стилизирана од еден од најдобро облечените луѓе на естрадата денес.
„Фамилија и пријатели“ верзиите од оваа соработка убедливо прават најмногу заработувачка, па така доколку го сакате „Марун“ моделот ќе треба да издвоите 12.000 долари, а доколку го сакате „шокантно розево“ моделот ќе ви требаат 15.000 долари.
5 Меклмор Ер Џорданки 6: 25.000 долари
Долго време „Еминем Џордан 4“ беа патиките коишто беа најскапи кога станува збор за соработка со рапер.
Тука има и неколку модели од „Јизи“ на Канје, но кој би помислил дека следните најскапи патики од рапер би биле од Меклмор. Малку е иронично, сепак, што од рапер со песна како што е „Трифт Шоп“, добивате модел на патики што се продава за 25.000 долари.
(О)Милена | Црнибело