Mодни катастрофи: Најлошо облечените ѕвезди во историјата на Евровизија
Во пресрет на големото финале во Лисабон, се потсетуваме на претставниците, чиишто комбинации беа тотално фијаско низ годините. Кои се изведувачите што не се прославија со изгледот на сцената?
Евровизија не е синоним за гламур и висока мода. Напротив. Повеќе се смета за парада на кичот. Сепак, дури ни таму не се простуваат модните катастрофи. Па, од 1997-та година, обожавателите редовно доделуваат „награда“ и за најлошо облечена ѕвезда на фестивалот.
Наградата носи назив „Barbara Dex“, а го има добиено по истоимената претставничка на Белгија во 1993 година. Фустанот што таа самата си го сошила, воопшто не ѝ се допадна публиката. Исто како и креациите што подоцна ја понесоа неласкавата титула.
Македонија нема ниту една победа на ова музичко натпреварување. Затоа, пак, се закити со споменатото признание. Му припадна на Мартин Вучиќ, кој ги бранеше боите на нашата земја во 2005 година.
И освои прво место – ама во конкуренцијата за најлошо облечен изведувач. На евровизиската сцена во Киев, тој се појави во кежуал маичка и фармерки, искомбинирани со розово сако од Replay.
Кои се преостанатите имиња што му се придружуваат на листата? Ова се дел од најлошо облечените ѕвезди во историјата на Евровизија: