12 начини како да трошите помалку, а да се облекувате подобро
Овие трикови ќе направат да купувате мудро, да изгледате одлично, а вашиот паричник да остане полн.
Понекогаш кога ќе видите некоја совршена комбинација, сигурно си помислувате дека вреди многу пари.
Но, вистината може да е сосема поинаква. Можеби станува збор за скромен буџет, но мудро направени избори при шопинг.
Не значи дека за да изгледате убаво, задолжително е да потрошите цело богатство.
Трикови кои ќе ви помогнат да бидете дотерани за помалку пари:
Буџет
За да не потрошите многу пари нерационално, пред секој шопинг прво точно одредете ја сумата што сте подготвени да ја потрошите.
План
Пред сè треба да знаете кој е точно вашиот стил, а потоа да размислете што ви недостига во плакарот.
Не купувајте уште еден црн фустан што така ќе ви стои во плакарот, туку купете ја неопходната бела кошула за на работа. Исто така, размислете кој од актуелните модни трендови, можно е да биде актуелен подолго време.
Облека што прави да се чувствувате добро
Убавата долна облека може да го поправи расположението, подеднакво како и букет цвеќе.
Добро избраните градник и гаќички ќе направат да се чувствувате подобро и да зрачите со самодоверба. Исто важи и за бикините, па не штедете на ваквите работи.
Здолниште наместо фустан
Ако бирате помеѓу овие две, тогаш изберете здолниште. Здолништето можете да го комбинирате на различни начини, со кошули, маички, палта, и секогаш да изгледа поинаку.
Преминете ги границите
Излезете од вашата комфорна зона и пробајте нешто поинакво, кое ќе направи да изгледате уникатно и впечатливо, како што посакувате одамна. Не плашете се од експериментирање.
Акцентирање со силни бои
Без силни бои, вашите стајлинзи ќе изгледаат здодевно. Изберете чевли, чанта или брош со необична боја и форма и на тој начин додадете боја во вашиот изглед.
Нема потреба да купувате цела комбинација во силна боја.