12 начини како да трошите помалку, а да се облекувате подобро
Купувајте „офлајн“, но и онлајн
Онлајн шопингот е лесен и позитивна страна е што можете да споредите понуди и цени од повеќе произведувачи и да го одберете најповолното.
Но, понекогаш е добро да станете од креветот и убаво да видете што ќе купите. Допрете го материјалот, пробајте го моделот и застанете пред огледалото. Направете комбинација од двете тактики.
Одете на шопинг сами
Вака ќе заштедите време и енергија и нема да бидете присилени да разгледувате бутици и парчиња облека што не ви се допаѓаат.
Со пријателите пијте кафе, откако ќе ја завршите вашата соло мисијата.
Шопинг на почетокот од сезоната
Ако сакате квалитетна облека, нема потреба да чекате распродажба. Шансата да најдете нешто вредно на крајот од сезоната е еднаква речиси на нула.
Со купување на попуст ризикувате да купите нешто неатрактивно што фаќало прашина на полиците.
Купување на повеќе исти парчиња
Ако знаете дека некоја ролка, маичка или кошула ќе ви биде основа на низа стајлинзи и дека ќе ја избледите од толку перење и носење, тогаш сосема разумна одлука е да купите неколку такви идентични.
Вистинска вредност на парчињата
Вредноста на едно парче облека треба да ја процените според неговата цена, но и според тоа колку треба да потрошите дополнително на работите за да го комбинирате. На пример панталоните со дезен се многу потешки за комбинирање од монохроматските.
Исто така, ако некое парче смее да се пере само на хемиско чистење, размислете добро дали ви се исплати да го купувате.
Инвестирајте во основата
Тренди работите се носат многу кратко време и потоа веќе не се во мода. Затоа нема смисла да потрошите цело богатство на фармерки со отсечоци, кога знаете дека ќе се носат само една или две сезони.
Од друга страна, обичните фармерки можете да ги носите со години и да ги актуализирате со различни начини на комбинирање.
С. С. | Црнобело