Грешки во изгледот кои го издаваат мажот без стил
Погрешна големина
Кога купувате одело или кошула, уверете се дека моделот ви одговара целосно на телото.
Или уште подобро, посетете кројач, така со сигурност нема ниту еден дел да виси на вас или уште полошо, да „пука“.
Целосно закопчано сако
Целосно закопчување на палтото е дозволено само ако истото има едно копче или ако се работи за униформа.
Во другите случаи, долното копче секогаш треба да биде откопчано.
Носење кошула над панталони
Освен ако не се работи за претерано лежерна комбинација, во сите останати случаи, кошулата треба да ви биде уредно вметната во панталоните и секогаш да имате колан кој ќе се гледа под кошулата.
Полни џебови
Нема ништо полошо од тоа елегантен изгледа да се уништи со масивни и наполнети џебови.
Тоа често се случува кај мажите бидејќи тие постојано ги полнат џебовите со клучеви, паричник, мобилен телефон и сè останато што немаат каде да стават.
Трудете се да ја отстраните оваа навика од вашиот живот бидејќи му штети на вашиот стил и најдете друго помодерно решение.
Носење само црно одело
Најлесно е да се облечете во црно бела комбинација, но понекогаш за да го покажете вашиот стил, треба да експериментирате со боите, шарите и материјалите.
Облекувајте се секој ден различно, но никогаш не купувајте одела од сјајни материјали.
М. М. | Црнобело