Грешки во изгледот кои го издаваат мажот без стил
Можеби мислите дека на мажите им е полесно да се облекуваат од жените, но всушност има многу детали со кои тие треба да постигнат совршен изглед.
Во спротивно, ако не обрнат внимание на секој детаљ, нема воопшто да изгледаат стилски и средено.
Веројатно повеќето мажи не се грижат толку многу за тоа како жените, но има и такви кои секогаш сакаат да бидат во своето најдобро издание.
Па, доколку сте во втората категорија, погледнете кои се најчестите грешки и обидете се да не ги правите.
Ракави кои го покриваат часовникот на зглобот
Ако сакате да носите часовник, подобро е да ги завртите нагоре ракавите, отколку да носите ракави кои го покриваат.
Прво, бидејќи ќе ви биде полесно да гледате на него, второ, бидејќи ќе „штрчи“ под облеката и ќе изгледа лошо и трето, бидејќи понекогаш го носите и заради стил и треба да се гледа.
Принтови на маиците
Одберете еднобојна маица без принтови, посебно ако планирате да носите јакна над неа.
Таквите маици се само тренд за кој знаете дека многу брзо може да се промени.
Подобро потрошете пари на повеќе маици кои ќе може секогаш да ги носите отколку на нешто што ќе му помине модата.
Неправилна должина на кратките ракави
Маичките со кратки ракави чија должина стига речиси до лактите, никогаш не изгледаат модерно и стилски.
Бирајте маички чии ракави не надминуваат поливина од надлактицата. Кратките ракави подобро ги нагласуваат пропорциите на рацете, а подолгите кратки ракави повеќе ќе ве прошират.
Комбинирање на колан и трегери
Многу важно правило кое треба да го запомните е дека коланите и трегерите никогаш не одат во комбинација.
Двата додатока се создадени за да ги држат панталоните, не претерувајте со деталите кои имаат иста цел.
Истуткана облека
Можеби пеглањето не ви е омилена домашна обврска, но мора да ви биде приоритет иако сте маж, ако сакате да изгледате примерно и уредно.