15 навидум тешки модни правила кои мора да ги почитува кралското семејство
Плик чантите се вистинскиот избор
Наместо да носи голема чанта и да изгледа несмасно, Кејт најчесто носи плик чанти. Така изгледа елегантно, плус има што да прави со рацете кога позира.
Шапките се задолжителни за формални настани
За кралицата веќе споменавме, но и Кејт Мидлтон постојано носи шапки за формални настани. Тоа е задолжително во британското кралско семејство.
Не смеат да го соблекуваат капутот надвор
Кејт Мидлтон има завидна колекција на капути. Таа не смее да ги соблекува надвор, затоа што според кралските правила тоа не ѝ прилега на една дама, а понекогаш го носи дури и додека е внатре за да не ја расипе хармонијата на целата комбинација.
Нема шапки по 18 часот
Иако, кралските припаднички обожаваат шапки, тие мора да ги тргнат во 18 часот, затоа што шапките се сметаат за соодветни за дневни пригоди. Најчесто ги заменуваат со тијари.
Тијарите се само за мажените жени
Малите девојчиња не смеат да си играат принцези со тијари на главите, тие се резервирани само за мажените жени.
Тијарите се знак за статус и за тоа дека тие жени повеќе не бараат маж.
Чевлите на платформа се забранети во присуство на кралицата
Кралицата не ги поднесува овие чевли, но Кејт ги обожава за кежуал пригоди кога кралицата не е присутна.
Забранети се лакираните нокти
Ноктите мора да бидат уредни, кратки и природни. Исто така, и усните треба да бидат со природна нијанса. Дали сте ја виделе Кејт Мидлтон со црвен кармин досега?
Потсетете се кои кралски правила ги прекршија Меган и Кејт досега!
С. С. | Црнобело