15 навидум тешки модни правила кои мора да ги почитува кралското семејство
Од принцезата Дијана до Кејт Мидлтон, припадничките на кралското семејство мора да почитуваат низа правила во поглед на шапките, тијарите и нивниот целокупен стајлинг.
Да се биде дел од британското кралско семејство подразбира и почитување на некои традиционални модни правила.
Кралицата Елизабета има строги ставови по одредени прашања, кога е изгледот на припадничките на кралското семејство во прашање.
Строги кралски правила кои важат со децении:
Секогаш мора да имаат црна облека при рака
Во случај на ненадејна трагедија и нечија смрт тие мора да бидат облечени од глава до петици во црна боја.
На сите патувања мора да имаат барем еден ваков стајлинг во случај да треба да оддадат последна почит некому.
Црната е само за тажни пригоди
Во дневна пригода припадничките на кралското семејство никогаш не носат црно. Може да направат исклучок само навечер, ако станува збор за некоја свечена манифестација.
За нив нема кежуал петоци
Иако, Кејт Мидлтон обожава фармерки, таа ги носи само кога ѝ е одобрено и тоа никако пред кралицата. Дури и во тие пригоди ги комбинира со дамски парчиња.
Не смеат да имаат длабоко деколте
Тие постојано се мета на фотографите и не смее да си дозволат провокација со длабоко деколте.
По разводот со принцот Чарлс, Дијана носеше малку посексапилен фустан, но деколтето го покри со чантата.
Хулахопките се задолжителни
Меган Маркл го прекрши ова правило на свршувачката, а принцезата Дијана и Кејт Мидлтон на сите јавни појавувања беа со хулахопки.
Мини здолништата не се дозволени
Иако, Кејт Мидлтон имаше незгода со ветрот во една пригода, сепак таа и тогаш не го прекрши правилото затоа што носеше здолниште до колена.
Скромноста е задолжителна и покусо не смеат да носат.
Главата на кралицата мора да биде покриена
Кралицата Елизабета е многу традиционална и досега не сме ја виделе без марама, тијара или шапка кои делумно ѝ ја покриваат косата.
Силните бои ѝ се заштитен знак на кралицата
Кејт и Меган се модни икони, но најчесто ги гледаме во смирени тонови со интересни дезени.
Од друга страна, кралицата е вистинско виножито, таа е позната по монохроматските стајлинзи во силни бои.