Зошто картонската кутија е најголем непријател на вашите кожени чевли?

Доколку поседувате пар убави кожени чевли, многу е веројатно и дека правите сè за да ги зачувате што подолго нови, па затоа и ги чувате во кутија.

malku-poznati-fakti-kartonskata-kutija-e-najgolem-neprijatel-na-vashite-kozni-cevli-2.jpg

Ваквата навика ја негуваме редовно, не знаејќи дека всушност правиме штета.

Како и секој производ од кожа, така и чевлите треба да се заштитат од предолга изложеност на влага.

Со нивно затворање во кутија го ограничувате протокот на воздух околу нив и лесно може да се случи да станат премногу тврди или неприродно меки.

malku-poznati-fakti-kartonskata-kutija-e-najgolem-neprijatel-na-vashite-kozni-cevli-3.jpg

Сепак, како и секоја тип на обувки, така и кожените чевли се изложени на надворешните фактори, меѓу кои и влагата, особено ако ги носите во дождливи денови.

Во таков случај, никогаш не сушете ги со фен, ниту пак покрај грејно тело, затоа што оштетувањето на кожата е неизбежно. Откако ќе ги соблечете, ставете впивачка хартија за да го извлече вишокот влага и оставете ги на место каде има струење на воздух.

malku-poznati-fakti-kartonskata-kutija-e-najgolem-neprijatel-na-vashite-kozni-cevli-4.jpg

За што подолго да ги имате во добра состојба, негувајте ги чевлите со соодветни четки и креми, но и премачкувајте ги со специјално масло за нега на кожа.

Влагата е голем непријател, па кожените чевли складирани во кутија која потоа е крената на полица или во плакар не дозволува да се исушат дури ни од потењето на стапалата.

malku-poznati-fakti-kartonskata-kutija-e-najgolem-neprijatel-na-vashite-kozni-cevli-5.jpg

Следејќи го овој едноставен совет, лесно ќе успеете да го зачувате омилениот пар што подолго во нослива состојба.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg