По вкус на трендсетерките: Какви фустани се носат оваа пролет?
Од точкести и пастелни, па до пругасти и чипкани, ви ги откриваме осумте модели на фустани кои доминираат на социјалните мрежи.
Ако има една причина поради која жените му се радуваат на топлото време, тоа дефинитивно е можноста пак да им се вратат на своите омилени фустани.Со првите сончеви зраци и мирис на пролет во воздухот, се јавува и желбата да ги облечете на себе, зар не?
Какви модели се носат оваа сезона? Погледнете кoи се моделите, што ги освоија срцата на трендсетерките:
1. Фустан на едно рамо
Само eден детаљ може да ви го направи целокупниот изглед повпечатлив и поженствен. Заборавете на длабокото деколте и ултракратките здолништа. Оваа пролет, доволно е да го откриете рамото за да бидете забележани.
2. Фустан со точки
Точките се едноставни, безвременски и модна класика. Па, зошто не би ги носеле и на фустанот? Дамата во вас ќе ви биде благодарна.
3. Фустан со каиш
Моделите со ремен околу струкот се идеални за секаква градба на телото. Притоа, совршено ги истакнуваат женските облини.
4. Мини фустан со долги ракави
Тие се секси и кежуал истовремено. Со посебно одбрани обувки и аксесоари, мини фустаните со долги ракави ќе бидат совршени за секоја прилика.
5. Фустан со пруги
Со вертикални пруги на фустанот, не само што вашата силуета ќе изгледа повитко, туку ќе го направат и целиот стајлинг неверојатно привлечен и впечатлив. Хоризонталните, пак, синоним се за францускиот шик и елеганција.
6. Фустан од тантела
Бохо фустанот инспириран од стилот на ’70-тите, високо ќе котира на модните листи и оваа сезона. Полн погодок е чипканиот модел со цветни мотиви.
7. Фустан во пастелни нијанси
Може ли да се замисли сончевата сезона без слатката пастелна палета? Секако дека не. Овие нијанси се одличен избор и за работа, но и за вечерни излегувања.
8. Миди фустан на преклоп
Лелеави или со рамен крој, фустаните на преклоп ѝ ласкаат на секоја женска фигура. А, притоа се и многу удобни и практични. Нема да сакате да ги соблечете цела пролет, ама и лето. Гарантирано.
M. A. | Црнобело