Мини модни трикови за да изгледате совршено во секоја ситуација
Многупати сме зборувале за тоа дека облеката е првото нешто што некој го забележува при средба. Токму затоа, постојано треба да се трудите да изгледате средено.
За да успеете во тоа, треба да се држите до одреден стил за да не лутате секој пат и да мислите што да облечете.
Сепак, потребни се уште неколку работи за изгледот да биде комплетен.
Неколку трикови со кои секогаш ќе изгледате средено:
Јаката треба да одговара на обликот на лицето
При изборот на маица или кошула, ретко кој обрнува внимание на типот на јака.
Не прави голема разлика ниту грешка, но ако обрнете повеќе внимание на овој детаљ, можете подобро да ги нагласите карактеристиките на лицето.
Па така, тесната јака одговара на луѓе со пошироко лице. Оние пак, кои имаат овална форма на лице, најдобро е да се држат до класичната јака. А, оние со тесно лице, може да експериментираат со различни форми, како на пример заоблена.
Обрнете внимание на рамената и ракавите
Ако бирате облека која треба да „лежи“ на силуетата, обрнете внимание на ракавите и рамената.
Рабовите на делот кај рамото, треба да бидат точно кај рамента, а ракавите треба да завршуваат на зглобот.
Внимавајте на завитканите ракави
Виткањето на ракавите на кошулите и блузите е честа навика на луѓето. Но, поради несвесното поткревање во текот на денот, на крај, материјалот е целосно изгужван.
За да го избегнете тоа, подвиткувајте ги ракавите на неколку пати во текот на денот, наместо да ги буткате нагоре.
Закопчување на копчиња на мантили и капути
Дури и на овие ситници треба да обрнувате внимание. Најгорното копче, може да биде закопчано, но не мора. Средното, секогаш треба да биде закопчано, а најдолното, подобро е да не го закопчувате воопшто.
Не ги потценувајте чевлите
Не е тајна дека квалитетните чевли траат многу подолго. Плус, таквите чевли се добри за стапалата.
Но, на чевлите од висок квалитет им е потребна и посебна нега. Ако сакате да изгледате добро, не дозволувајте обликот да се деформира или бојата да избледи.
Дрвени закачалки за облеката
Дрвените закачалки се одлични бидејќи покрај тоа што се поквалитетни, тие имаат моќ да ја соберат влагата од облеката.
Не се откажувајте од коланот
Ако панталоните имаат опција за колан, не го игнорирајте. Без него, сликата е нецелосна.
Маицата под кошула не треба да се гледа
Мажите често сакаат да облечат маичка по кратки ракави под лежерна кошула, но така изгледаат несериозно.
Доколку сакате да сте целосни, кошулата закопчајте ја до горе или воопшто не облекувајте маица одоздола.
Чорапите треба да се комбинираат со облеката
Во секојдневието многумина сакаат да експериментираат со чорапите, но за официјални настани, држете се до правилата.
Носете еднобојни чорапи кои ќе ви одговараат на бојата на панталоните.
Џемперите е подобро да се здиплат наместо да се закачат
Џемперите со тек на време знаат да ја изгубат својата форма, а тоа уште побрзо се случува доколку висат.
Затоа, подобро е уредно да ги здиплите и да ги ставате на полица.
М. М. | Црнобело