Славење на различноста: Дечиња со посебни потреби се модели во нова британска модна кампања
Овие храбри дечиња топат со насмевката и со енергијата со која зрачат, а ваквите модни брендови заслужуваат титула. Секоја чест!
Модниот бренд „River Island“ постојано ја слави различноста и тоа е за секоја пофалба.
Во кампањи вклучува плус сајз модели, постари лица, а сега детската линија на оваа модна куќа ќе ја промовираат дечиња со посебни потреби.
Брендот ангажираше деца од Велика Британија на возраст од 3 до 10 години, меѓу кои некои страдаат од церебрална парализа и Даунов синдром.
Многу од нив минале низ тешки животни битки, но сепак не ја симнуваат насмевката од лицето.
Запознајте ги преслатките мали инспиративни модели:
С. С. | Црнобело