Едноставни совети кои ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот личен моден стил
Организацијата на плакарот е клучен елемент за формирање на стилскиот идентитет.
Личниот стил е честа фраза која ја користиме за нечиј начин на облекување и чувството за мода и детали.
Многу често идејата за откривање и оформување на стилот потекнува од копирање на изгледот на познатите модни блогерки кои имаат големо влијание во светот на модата.
Но, сепак, тоа не е личен стил туку имитирање на туѓиот, а за тоа е важно да го препознаете стилот кој вам ви е близок и одговара на вас.
Со други зборови, тоа што познатите модни блогерки го носат, не значи дека треба да се најде во вашиот гардеробер за да изгледате стилски.
Доколку лутате, следниве совети ќе ви помогнат да изградите свој стил:
Мора да бидете свесни за сопствената градба
За да го изградите стилот, мора да знаете каква градба имате и каква облека одговара на вашиот облик на тело.
Парчиња по кои ќе бидете препознатливи
Дали тоа ќе биде накит, сакоа во силни и впечатливи бои, здолништа со висок струк или широки панталони. Одберете нешто што најмногу ќе го карактеризира вашиот стил и ќе биде дел од вашето секојдневие.
Табла со омилените стилови
Направете табла која ќе ја полните со колажи од фотки со вашите омилени стилски улични аутфити и детали од светот на модата кој ќе ви служи како инспирација и ќе го акцентира вашиот стил во секое време на секое место. Или, направете го колажот на компјутер или телефон.
Тргнете ја облеката што не ја носите
Ако во вашиот плакар се наоѓаат парчиња кои не ги носите, веднаш донирајте ги или подарете ги. Не дозволувајте парчиња кои не одговараат на вашиот стил да се мешаат со останатите.
Чувајте го само тоа што го носите и што ви одговара.
Доминантни бои
Пронајдете ги соодветните бои кои најмногу ви стојат и тие нека доминираат во вашиот гардеробер. Но, внимавајте тоа да биле впечатлива боја, а не црна, бела или сива со што ќе западнете во монотонија.
Организација и број на парчиња
Организацијата е многу важен дел при формирањето на стилот. Според модните експерти, идеално е да имате околу 50 парчиња во вашиот плакар.
М. М. | Црнобело