Како да разликувате природна кожа од вештачки скај?

Понекогаш е навистина тешко да се направи разлика помеѓу природната и вештачката кожа. Производителите се обврзани да ги означат производите, но сепак, на етикетите не може секогаш да им се верува.

kako-da-razlikuvate-prirodna-koza-od-veshtacki-skaj-01.jpg

Модерната технологија ги олеснува имитациите на кожата. Што ако сакате да купите вистинска кожа во некој бутик или во специјализирана продавница?

Кои се особините коишто ќе ви помогнат да одредите дали пред вас имате кожа или скај?

Кожата држи топлина

Вештачките материјали не ја зачувуваат и не ја пренесуваат топлината, а природната кожа веднаш оддава топлина во рацете и ја одржува таа температура уште некое време потоа.

Внатрешноста на кожата исто така ќе се затопли, но површината треба да има осет како да е влажна на допир, сепак, кожата секогаш треба да биде сува.

Доколку држите во рацете кожа и скај, веднаш ќе можете да ја забележите разликата.

kako-da-razlikuvate-prirodna-koza-od-veshtacki-skaj-02.jpg

Уникатен изглед

Природната кожа има свој природен и уникатен изглед, но кај вештачката кожа се повторува шарата со исти големини и форми. Сепак, постои мала шанса дека може да помешате кожа со скај доколку кожата има принт на неа, па тогаш може да се повторува шарата.

Дополнително, природната кожа има пори и ако погледнете подобро или со лупа, ќе може да ги видите. Порите исто така се расфрлани без некој посебен ред, па иако модерната технологија може да ги имитира, сепак ќе може да забележите доколку тие се испечатени, наместо да се вдлабнати.

kako-da-razlikuvate-prirodna-koza-od-veshtacki-skaj-03.jpg

Проверете ја заднината или местото каде што е пресечено

Не сите продукти може да се видат од внатрешноста, а тоа е сепак најлесен начин да ја процените оригиналноста на материјалот. Обидете се да најдете парче од материјалот коешто не е обложено за да ја видите структурата.

Природната кожа има мноштво влакна како основа, а вештачката кожа најчесто има некој материјал или синтетика како основа.

Доколку сакате да проверите дали пред вас имате природна или еко кожа, тогаш видете ја задната страна. На прв поглед, двете може да изгледаат идентично, но еко кожата секогаш ќе има ткаенина од задната страна.

kako-da-razlikuvate-prirodna-koza-od-veshtacki-skaj-04.jpg

Тежината е многу важна

Природната кожа е секогаш потешка од вештачката. Ова може да се забележи дури и кај мали производи, а особено се приметува кај кожените јакни. Се разбира, различните видови на кожа може да имаат различна тежина, на пример овчјата кожа тежи помалку од говедската.

Сепак вештачката кожа секогаш ќе биде полесна од која било природна кожа.

kako-da-razlikuvate-prirodna-koza-od-veshtacki-skaj-05.jpg

Мирисот е различен

Секој којшто има купено чевли веднаш може да ја забележи разликата помеѓу вистинска кожа и скај. Новите чевли имаат остар мирис на хемикалии којшто ќе трае подолго време.

Кожените производи имаат ненападен и лесен мирис (доколку се работи за квалитетна кожа). Сепак, производителите сега користат специјални мириси коишто го копираат мирисот на вистинска кожа. 

Овие мириси можат да го збунат купувачот само доколку вештачката кожа е исклучително квалитетна, бидејќи мирисот на хемикалиите не може лесно да се прекрие со друг мирис.

kako-da-razlikuvate-prirodna-koza-od-veshtacki-skaj-06.jpg

Реакција на влага

Ова е многу лесен начин да се распознае вистинската кожа од вештачката, но тешко е да се провери додека купувате. Природната кожа секогаш ја апсорбира влагата. Ова е особено забележливо на светлата кожа, на неа ќе се појави темна дамка и ќе остане сè додека влагата комплетно не испари.

Скајот нема да ја апсорбира влагата и нема да ја промени бојата.

kako-da-razlikuvate-prirodna-koza-od-veshtacki-skaj-07.jpg

Чувството при допир

Природната кожа никогаш нема да биде мазна (освен доколку е лакирана). Текстурата може да се разликува, меѓутоа на допир секогаш ќе биде малку рапава. Вештачката кожа е мазна и лизгава.

Доколку ја превиткате кожата, таа малку ќе ја промени бојата на превитканото место, но нема да има траги од згужваност. Вештачката кожа нема да ја смени бојата, но ќе остане раб од превиткувањето.

kako-da-razlikuvate-prirodna-koza-od-veshtacki-skaj-08.jpg

Експертите препорачуваат да се внимава на цената

Вистинската кожа со добар квалитет не може да биде евтина. Сепак, треба да внимавате на различните типови на кожа.

Евтини кожи се: свинска, воловска, говедска. Овие евтини варијанти на кожа се разликуваат во дебелината, густината и крутоста. За евтини чевли и јакни се користи свинска и говедска кожа, а за торби и ремени се користи воловска кожа.

Кожи со средна цена се: телешка, јагнешка, козја – тие се меки и издржливи варијанти на кожа. На нив скоро и да не се познаваат нерамнини, кожата е тенка и доколку е многу квалитетна ќе ја задржи формата совршено.

Скапите кожи се: еленска, крокодилска, змиска, кожа од ној – производите коишто се изработени од овие типови кожа се со највисок квалитет и уникатен изглед, но сепак за овие карактеристики ќе мора да издвоите и поголема сума на пари.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg