Колку и да ви е полн плакарот: 10 парчиња без кои не е комплетна гардеробата на дамите
Трендовите доаѓаат и си заминуваат, но базичните парчиња засекогаш остануваат. Без кои од нив не може да се замисли орманот на една модно освестена жена?
Тие ја сочинуваат основата на изгледот, па голем дел од гардероберот треба секогаш да го заземаат ткн. модни класици. Особено во студените месеци, кога на градските улици царуваат слоевитите комбинации.
Базичните облеки и обувки се темел на добриот вкус и стил, поради што се исплати во нив да вложите малку повеќе пари, доколку добиете врвен квалитет за возврат.
А, колку и да ви е полн плакарот, десетте парчиња без кои не е комплетна гардеробата на дамите се :
1. Црно сако
Елегантно, неутрално и совршено за секоја прилика - црното сако е ултимативното основно парче облека, кое едноставно мора да го имате.
2. Дебел џемпер
Ниту една гардероба не e комплетна ни без топлиот, дебел џемпер во некоја неутрална нијанса, како беж или сива.
3. Класичен мантил
Вечно популарниот тенок капут, пак, неизоставно внесува доза на елеганција во изгледот. Прилега на сечиј стил, а времето покажа и дека никогаш нема да излезе од мода. На врзување или копчање, мантилот е класика што исто така не смее да ја заборавите.
4. Црна ролка
Тешко е да се замислат постудените дни без ова сестрано парче, кое совршено се вклопува во сите прилики. Притоа, црната ролка секогаш делува модерно и префинето.
5. Бела кошула
Класичното „машко“ парче, веќе со години е херој и во женската oблека. Доколку белата кошула ја искомбинирате со обични фармерки и фини високи штикли, сексапилот нема да изостане во ниеден случај.