Зошто луѓето во Шведска најчесто носат црна облека?
Шведска е многу често поврзана со црната боја. Оние кои биле во главниот град на оваа земја можеби забележале дека жителите сакаат црна облека.
Секако, во комбинација со бела, сива или повторно црна, но нормално дека има и исклучоци, бидејќи постојат и такви кои имаат различен стил и желба за разновидност.
За повеќето од нив, важи правилото: „од јакна, до чевли и чанта, колку е потемна нијансата, толку поудобно се чувствуваме“.
Посебно на модната недела во Стокхолм е направено мини истражување за да се провери дали и колку луѓе ќе вметнат светла боја во комбинацијата.
Но, зошто е тоа така и од каде потекнува оваа опсесија?
Некои од нив сметаат дека црната може да се поврзе со успехот и дека оние кои се успешни се облекуваат во црно со што изгледаат пософистицирано.
Дел од студентите пак, сметаат дека црната е многу практична и дека има многу нијанси. А, има и такви кои велат дека црната е одлично платно на што може да искомбинирате и споите сè.
Тие се чувствуваат удобно кога ја носат црната боја и мислат дека не се љубители на шаренилото севкупно.
Швеѓаните се едноставни, не сакаат да се издвојуваат во толпата, па тоа го рефлектираат во облекувањето што се карактеризира со минимализам.
Погледнете неколку изјави на луѓето во Шведска, поврзани со црната облека:
„Зошто луѓето се облекуваат во црно? Црната е големо платно. Можете да нацртате што било на него. Можете да носите нешто многу светло, кул чанта, бидејќи е одлична позадина. И кога ќе размислите, сфаќате дека црната ги обединува сите бои.“ – студент на дизајнерско училиште.
„Да, црната е сигурна боја, минималистичка. Лесна е за употреба. Но, луѓето може целосно да бидат облечени и во друга боја, на пример бела или сива. Но, едноставно црната секогаш има повеќе избори кои може да се комбинираат со сè.“ – учесник на модната недела во Стокхолм.
„Постои идеа дека оваа боја се поврзува со успехот. Кога сте успешни носите црно. Изгледа добро, фино. Но секако, ова е европско размислување бидејќи тука е таа основна боја, но на други места, на пример Тајланд, основата е да речеме цветен дезен.“ – Даниел Бјорк, уредник.
„Мислам дека тоа е затоа што луѓето се срамат. А, црната облека е најлесен начин за да се измешате со толпата и да бидете на безбедна страна.“ – Нејтан Неигард, модел.
М. М. | Црнобело