Париски шик со светки и пердуви: Elie Saab фустани за пролет 2018
Веќе ни е на сите познато дека Elie Saab сака гламур и бајковит изглед, а овојпат повторно го докажа тоа на Париската недела на висока мода.
Колекцијата пролет 2018 е инспирирана од „жените во Париз во ’20-ите години“, a во неа е претставена софистицирана елеганција со парчиња кои се безвременски шик.
Долги и елегантни, кратки и шик фустани, светки, пердуви, нежни бои, квалитетни и разновидни материјали, големи сатенски машни, впечатливи капи за тој период – секој модел е приказна сама за себе и тешко дека некој може да одбере фаворит.
Едно е сигурно - секоја дама би заблескала во новата бајковита и шик колекција на Elie Saab:
М. М. | Црнобело