Бела Хадид во комбинација што на малку девојки им паѓа на памет да ја носат (фото)
Наместо скоцкана од глава од пети, фасцинацијата од атрактивниот изглед на убавицата заврши кај глуждовите. Според многумина, впечатокот го расипа еден погрешен избор во гардеробата. Се обиде да го спои неспоивото, нo дали „киксна“?
21-годишната манекенка Бела Хадид работи со полна пареа, а изминатите денови се наоѓа во една од светските модни престолнини.
Таа е моментално во романтичниот Париз.
Од досегашните појавувања, се чини дека популарната бринета посебно се подготвила за престојот во градот на светлината.
Во куферот има спакувано гардероба за сите пригоди, па со секое излегување од хотелот, таа привлекува огромно внимание кај новинарите и фоторепортерите.
Бела веќе се прошета во низа интересни, но и необични аутфити, а најмногу интерес предизвика со последниот меѓу нив.
Станува збор за комплетно црна комбинација, која на малку девојки би им паднало на памет да ја носат на ваков начин.
Наспроти елегантните парчиња облека, таа се одлучи за ткн. грди патики, наместо за покласични чевли. Во прашање се гломазните, спортски патики, кои во последно време се апсолутен хит, особено меѓу младите, трендсетерките, инфлуенсерките и модните блогерки на Инстаграм.
Меѓутоа, дали прилегаат во оваа варијанта?
https://www.instagram.com/p/BeN-PRhHVDB/?hl=en&taken-by=bellahadid
Многумина сметаат дека со „катастрофалниот“ избор на обувки, Бела си ја упропасти секси комбинацијата.
Доколку ја замислите во било каков друг модел на чевли, сигурно ќе се сложите дека подобро би ѝ се вклопиле во целокупниот изглед.
Сепак, убавицата Хадид се вбројува во познатите личности со најголемо модно влијание во светот, па нема сомнеж дека ќе биде инспирација и за мноштво други дами да го ископираат нејзиниот стајлинг.
Погодок или промашување – како вие би ја оцениле Бела?
М. А. | Црнобело