Фаворити на Инстаграм: 10 модни парчиња кои собраа најмногу лајкови во 2017

Познатите блогерки и трендсетерки се главни виновнички за нивната популарност, затоа што максимално ги промовираа на социјалните мрежи. Тие дефинитивно ја обележаа годината што одминува.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-1.jpg

Ако сте дама на која модата ѝ е во крвта, веројатно секојдневно ги следите профилите на кул девојките од Инстаграм.

Фешнистките ни се инспирација за убаво облекување, а влијаат и на нашите купувачки навики.

Социјалната мрежа е и место каде најчесто ги пронаоѓаме парчињата што „мора“ да ги имаме.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-2.jpg

Кои беа фаворитите, што ги носеa мнозинството блогерки или трендсетерки изминатите дванаесет месеци?

Десетте модни парчиња кои собраа најмногу лајкови во 2017 година се:

1. Levi's маичка

Едно од парчињата кои доминираа на Инстаграм годинава, секако е белата маичка на модниот бренд Levi's. Нема фешнистка која во одреден момент гордо не ја покажа, или, пак, не позираше во неа на социјалната мрежа.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-3.jpg

2. Gucci каиш

Слично како и Levi's маичката, ременот од Gucci стана модно парче по кое буквално полудеа дамите на Инстаграм. Од палта до фармерки, каишот со нивното лого го носеа во секакви варијанти и пригоди. Доживеа вистински бум на социјалната мрежа, па во одреден момент веќе и ни здодеа.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-4.jpg

3. Puma Suede Heart патики

Моделот на патики од Puma, чии врвки се заврзуваат во голема машна, дефинитивно царуваа на модната сцена во 2017 година. Ниту Инстаграм не беше исклучок. Толку беа популарни на социјалните мрежи, што едно време беа распродени на апсолутно сите можни места.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-5.jpg

4. Acne Studios jакна

Дизајнерската бајкерска јакна доби голем број на копии од брендовите за улична мода. Сепак, кога би морале да одбереме само една која го освои Инстаграм, тогаш без двоумење би бил овој модел. Достапна е во неколку различни бои, но онаа која собра најмногу лајкови беше црната јакна.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-6.jpg

5. Teddy капут

Единственото парче кое ги стопли нашите тела, ама и срца во студената сезона е популарниот „teddy bear“ капут. Волуменозниот модел, чиј симболичен назив соодветствува на неговиот изглед на мече, последните месеци го окупираше Инстаграм, а богами и плакарот на трендсетерките. Се појави ненадејно, а девојките го пречекаа со широко отворени раце. Дали сте и вие една од нив?

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-7.jpg

6. Chloe Nile чантичка

Нема шанси да не сте ја забележале, нели? Барем стопати ја имаме видено популарната чантичка со метална рачка, бидејќи токму овој моден детаљ владееше во 2017 година. Оригиналната чанта, чија ценa ја надминува сумата од 1.000 евра, беше распродадена поголемиот дел од годината, речиси во сите познати дизајнерски продавници. Се разбира, во меѓувреме доби и неколку „копии“ од брендовите за улична мода.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-8.jpg

7. Zara панталони со странично копчање

Што да се каже за панталоните на Zara, кои масовно се пребаруваа преку интернет? Секоја автентична инфлуенсерка ги носеше на свој начин на Инстаграм. Супер момент беше тоа што може да се носат како во дневни, така и во вечерни прилики, а изгледаат многу поскапо, одошто навистина се.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-9.jpg

8. Balenciaga чизми-чорапи

Една од првите дизајнерски куќи, која на пазарот ги воведе чизмите налик на чорапи, секако беше Balenciaga. Оттогаш па до денес, овој модел на обувки собра армија на обожавателки и станаа неизбежни на Инстаграм.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-10.jpg

9. Zara асиметрични ѕвонарки

За овој тип на панталони наголемо се пишуваше во текот на пролетта, кога беа посебно „ин“ помеѓу модните икони. Меѓутоа, имаме некое претчувство дека ѕвонарките ќе ја продолжат својата доминација и во 2018 година. Што мислите вие?

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-11.jpg

10. Gucci мини чантички

Иако беа масовно популарни лани, минијатурните чантички со потпис на Gucci останаа вистински хит и годинава. А, веќе сме нестрпливи да видиме со каква новина ќе нѐ изненади италијанскиот луксузен бренд догодина.

favoriti-na-instagram-10-modni-parchinja-koi-sobraa-najmnogu-lajkovi-vo-2017-12.jpg

Кое модно парче беше вашиот личен фаворит во 2017 година?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото) Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, кој...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg