Oтмено и дамски: Како да се облечете за свечените прослави на работа?

Декември е во знакот на предновогодишните забави со шефовите и колегите. Ви се чини како вистинско време да блеснете во полн сјај? Не претерувајте – тоа може да биде меч со две острици.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-1.jpg

Жените редовно се двоумат околу изборот на гардеробата за свечените прослави на работа, во желбата да изгледаат убаво, а сепак да не „претераат“ со дотерувањето.

На крајот на краиштата, која дама сака половина од вработените да зјапаат во нејзиното деколте, а сопругата на директорот да ѝ дофрли дека здолништето ѝ е прекратко?

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-2.jpg

Ако вашето работно место е во некоја посериозна организација, избегнувајте ја облеката што би ја носеле на журка со дечкото или пријателките. Заборавете на прекратките мини здолништа, особено во комбинација со чизми кои ви досегаат до бутините.

Длабокото деколте во стилот на Џеј Ло исто така не е опција, како и хеланките со краток топ, којшто не ви го прекрива задникот. Голиот грб е секси, ама не е за оваа пригода.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-3.jpg

Претерувајќи со крзно, чипка и циркони нема да воодушевите никого, а леопардски или тигрест принт од глава до пети е апсолутен кич и невкус. Претесната облека, која изгледа како да ќе пукне на вас, пак, не е соодветна за ниту една прилика.

Од друга страна, секогаш може да се одлучите за елегантен фустан, панталони во комбинација со свилен топ и блејзер, здолниште во тандем со префинета блуза или маичка, како и комбинезон. Накусо, секое парче што освен вашиот добар вкус, нема да им открие премногу на другите.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-4.jpg

Најважно е да изгледате уредно и софистицирано, но и да се чувствувате добро во своја кожа. Па, доколку немате идеи, ви нудиме неколку шармантни предлози како инспирација:

1. Широкото миди здолниште е полн погодок, а може да се вклопи со кошула, топ, ролка или блуза. Одберете го тоа што вам најдобро ви прилега.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-5.jpg

2. Ако се одлучите за светки, комбинирајте ги со едноставни и елегантни парчиња.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-6.jpg

3. Дoколку имате убави нозе и витки колкови, кадифените панталони може да ви бидат главeн адут за празничните забави.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-7.jpg

4. Сите лудуваат и по префинетите фустани од плиш – па нема причина да не ги испробате и вие.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-8.jpg

5. И популарниот фустан-сако доаѓа предвид, под услов да не ви е прекраток, копчињата да се добро прицврстени, а под него да не бидете сосема голи.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-9.jpg

6. Комбинезонот со занимлив дезен ќе ве претвори во кралица на забавата и добриот вкус.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-10.jpg

7. Дамските фустани со голи раменици, а долги ракави, пак, секогаш се одлична идеја, особено тие со класичен крој и ѕвонести завршетоци.

otmeno-i-damski-kako-da-se-oblechete-za-svechenite-proslavi-na-rabota-12.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
6 совети како да носите широки фармерки и панталони, а да не изгледате како вреќа Кога носите широки панталони или фармерки, важно е да ги комбинирате со тесен то...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg