8 стилски совети за жените со големи гради
Многу жени кои немаат „надарено деколте“ посакуваат да имаат големи гради, но не се свесни дека и тоа е голем предизвик.
Жените со големи гради се соочуват со сериозни проблеми кога станува збор за облеката и стилот.
Од наоѓање совршено ланче, до покривање на облините, или пак умерено нивно истакнување – сѐ си има своја тежина.
Доколку и вие спаѓате во оваа група, погледнете ги овие трикови од славните кои одлично се справуваат со „деколтето“:
Модели на преклопување
Без разлика дали се работи за фустан или за наметка, моделите на преклопување им одговараат на повеќе типови на силуети, посебно на жените со големи гради на кои изгледаат совршено.
Кошули на врзување кај вратот
Блузи или кошули кои се затворени до горе и кај вратот се врзуваат се одлични за стилот на жените со големи гради. Доколку пак сакате да биде малку повпечатлив изгледот, одберете ваков модел со тенок вертикален засек кај деколтето.
Појас на половината
Ова е типична карактеристика на стилот на многу жени со големи гради, па доколку ви се допаѓа можете да го „запечатите“ изгледот со корсет или широк колан околу половината со кој вашето тело ќе добие форма на песочен часовник.
Не избегнувајте принтови
Фустаните со впечатливи принтови можеби ви звучат како нешто што би изгледало невкусно во комбинација со големи гради, но Памела Андерсон докажува дека доколку го одберете вистинскиот модел, и принтот може да изгледа одлично на вашата силуета.
Покажете малку голотија со кроп топ
Слично како со корсетот и појасот, така и кроп топот помага да се создаде изглед на фигура како песочен часовник со тоа што се истакнува голиот дел околу половината.
Совршена кошула со копчиња
Кога се работи за кошулите на закопчување, многу е важно да најдете модел и број кој совршено ќе ви одговара и на кој нема да се прават отвори помеѓу копчињата кај градите. Доколку е потребно, подобро е да земете поголем број.
Заоблен отвор на деколтето
Модели со заоблен отвор кај деколтето секогаш изгледаат впечатливо, но не и невкусно, бидејќи ги истакнува градите доволно на потребните места.
Провокативност и привлечност
И за крај, гордејте се со вашето деколте и земете пример од оние кои не се плашат да ги покажат своите атрибути и да се пофалат со тоа што го имаат.
М. М. | Црнобело