5 модели на чизми кои секоја жена ги посакува оваа есен
Трикот во создавањето на перфектен избор на гардероба е во совладувањето на основите. Всушност, ако ги имате основните софистицирани и тренди парчиња во вашиот гардеробер, многу лесно може да направите промена во вашиот стил која и тоа како ќе биде забележана.
На врвот на шопинг листата оваа есен ставете ги вашите чизмите во кои ќе се вљубите на прв поглед.
5 модели на чизми кои нема да сакате да ги соблечете од нозе и ќе ги комбинирате за секоја пригода:
1. Високи чизми над колена
Високите чизми се ин и оваа есен а сега ги има во многу повеќе бои и дезени од било кога. Тие се неверојатно практични во комбинирањето на облека затоа што стојат добро искомбинирани речиси со било што. Независно дали ќе одберете високи чизми на потпетица или рамни, никогаш нема да погрешите со овој избор.
2. Мото чизми
Мото чизмите веќе одреден период се во мода и никако не можеме да им одолееме. Модните блогерки ги носат во секакво издание а овие чизми ја имаат моќта и наједноставните комбинации да ги направат забавни и шик. Овие чизми се удобни а во исто време можат да се искомбинираат и со елегантни фустани.
3. Чизми на врзување
Овие чизми може да ги комбинирате со фустан со нежен принт или костим. Исто така може да ги искомбинирате и за некое полежерно издание. Ова парче облека додава доза карактер на вашиот стил.
4. Чорапи чизми
Еден од водечките трендови оваа есен ќе бидат чизмите-чорапи со висина до глужд. Овие чизми ги видовме речиси во секоја зимска колекција на познатите дизајнери, а ги има во најразлични дезени и бои.
5. Плишани чизми
Плишот доминира на модната сцена и оваа есен. Овие чизми дизајнерите ги претставија во силни бои, кои со сигурност ќе ви влезат во глава и нема да можете да им одолеете.
А. В. | Црнобело