10 трикови со кои секоја жена ќе изгледа повитка за 2 минути
-->
Не секогаш сме во совршена форма и тоа е сосема во ред, додека не се претера. Затоа, постојат мали трикчиња кои може визуелно да ве направат послаби, повисоки и попривлечни во туѓите очи.
Па, ако сте во ситуација кога сакате нозете да ви изгледаат подолго и струкот послабо, искористете некој од триковите во продолжение:
-->
За нозете да ви изгледаат подолги, важно е да одберете чевли во боја на кожа. Избегнувајте чевли во темни бои, со ремчиња околу глуждовите.
Избегнувајте облека во помали и поголеми броеви од вашиот. Претесната и преширока облека подеднакво ги нагласуваат вашите „вишоци.“
Исправете го грбот. На овој начин струкот ќе ви изгледа автоматски потенок, без никакви трикови.
Научете да го контурирате лицето правилно. Основно правило: Сè што сакате да сокриете, покријте со потемен коректор, а на цртите кои ви се допаѓаат ставете хајлајтер.
-->
-->
Исончаната кожа ве прави секогаш повитки и вешто го сокрива целулитот.
-->
Одбирајте материјали кои суптилно ги следат линиите на телото. Избегнувајте дебели материјали кои додаваат волумен, но и тенки припиени ткаенини кои се лепат за проблематичните делови.
Внимавајте и на ситниците - волуменозните марами околу вратот, ролките и високо закопчаните јаки додаваат килограми и ја прошируваат фигурата. Од друга страна пак, блузите со V или заоблен израз и лесно раскопчаната кошула ве прават визуелно послаби.
-->
Не привлекувајте внимание на проблематичните делови од телото со принтови и материјали кои оцртуваат.
Консултирајте се со фризер за да ви предложи фризура која ќе ви го истакне вратот и деколтето, што ќе ве направи потенки и повисоки.
Носете соодветна долна облека која не ви ги оцртува вишоците, туку ги „прибира“ на свое место.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024
Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода
Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите)
Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина
Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед
Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија)
Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...