Стил во пар: Најдобро облечените славни двојки на сите времиња
Покрај страста еден кон друг, ѕвездените тандеми неретко ја споделуваа(т) и љубовта кон модата. Неповторливи и шик, дознајте кои се познатите парови кои оставија траен белег со својот заеднички стил.
Да се биде модна икона, односно да се има добар вкус во секоја прилика, не е ни малку лесно. А, во друштво на патнерот или патнерката, пак, нештата стануваат уште покомплицирани.
Обете личности треба да изгледаат единствено, ама да бидат и комплементарни. Оригинални, но сепак и класични. Притоа, нивните индивидуални стилови сами по себе мора да бидат интересни, но и доволно флексибилни, за што подобро да се вклопат во комбинација со партнерот.
Оттука, јасно е зошто само на малку познати парови им успева да импресионираат со заедничкиот стил. Сепак, на дел од нив, тоа навистина им поаѓа од рака...
Во обидот да ја круниса најдобро стилизираната двојка, но и да открие кои се иконските парови, чија долговечност и индивидуализам оставија траен белег во модната историја, престижниот магазин Harper's Bazaar ги одбра ѕвездените тандеми, кои заслужуваат свое место на оваа листа.
Од златната ера на Холивуд па сѐ досега, прочитајте кои се најдобро облечените славни двојки на сите времиња:
1. Френк Синатра и Ава Гарднер
Период: 1951 – 1957
2. Мик Џегер и Бјанка Џегер
Период: 1971 – 1978
3. Џорџ Клуни и Амал Клуни
Период: 2014 – денес
4. Серж Генсбур и Џејн Биркин
Период: 1968 – 1980
5. Едвард и Волис – војводата и војвотката од Виндзор
Период: 1937 – 1972
6. Род Стјуарт и Брит Екланд
Период: 1975 – 1977
7. Бред Пит и Анџелина Џоли
Период: 2006 – 2016
8. Џејн Фонда и Роже Вадим
Период: 1965 – 1973
9. Џеј Зи и Бијонсе
Период: 2002 – денес
10. Иман и Дејвид Боуви
Период: 1992 – 2016
11. Жизел Бундхен и Том Брејди
Период: 2006 – денес
12. Елизабет Тејлор и Ричард Бартон
Период: 1964 – 1976
13. Одри Хепберн и Андреа Доти
Период: 1969 - 1982