Фустаните на Paolo Sebastian имаат моќ секоја жена да ја претворат во принцеза
Disney и високата мода заедно се одлична комбинација, а една од причините за тоа е магијата со која зрачат.
За безвременските Disney приказни да бидат такви какви што се - исполнети до крај со магични моменти, голема улога играат и раскошните фустани кои принцезите ги носат и блескаат во нив.
А, австалискиот дизајнер Пол Василеф, во колекцијата пролет/лето 2018 за Paolo Sebastian, ја комбинирал токму таа магија од Disney приказните и создал колекција фустани кои ќе ве воодушеват.
Модното шоу наречено „Once Upon a Dream“ било исполнето со уникатни фустани инспирирани од Пепелашка, Заспаната Убавица, Бела, Снежана...
Погледнете како изгледа кога ќе се спои естетиката, високата мода и магијата на Disney:
М. М. | Црнобело