Пенти Bridal collection е новитетитот за оваа есен-зима 2017/2018 во Македонија
Урбана, кул и секси е новата колекција есен-зима 2017/2018 на Пенти. Во продавниците во City Mall, Ramstore Mall и на Широк Сокак во Битола ќе може да ги купите висококвалитетни парчиња на долна облека, пижами, чорапи и хулахопки од брендот Пенти.
Пенти оваа година за сите невести приреди вистинско изненадување, посебна линија на долна облека и пижами насловена како Пенти Bridal collection чија цел е секоја невеста да се чувствува посебна.
Вистински тренд и оваа сезона се мрежастите хулахопки и чорапи кои се креирани во различни модели, направени да одговараат на различни шик модни комбинации. Освен мрежата, точките се уште еден хит годинава кои може да се користат во повеќе пригоди.
Линијата за долна облека е истовремено функционална и прилагодена за различни типови на женското тело, со романтична и заводлива нота на модерни и нежни дезени. Различните форми на градници на секоја жена и овозможуваат да се чувствува пријатно и самоуверено, така што може да си направите идеален комплет со пар на килоти, бразилски или хипстер килоти.
Пижамите на Пенти со нежни тонови, креирани со пријатни материјали кои нудат дополнителна удобност, може да се најдат како горен и долен дел, по долги или кратки ракави, или пак ноќница.
Како и секогаш, Пенти нуди и класични модели на долна облека и хулахопки во текот на целата година, за сечиј вкус и секој момент од животот, под мотото Пенти секогаш со мене.