Топол и фенси: Плетен кардиган кој трендсетерките го обожaваат (фото)
Меките и комфорни плетени парчиња се апсолутен моден хит во текот на студената сезона. Меѓу нив, познатите блогерки веќе си го одбраа својот фаворит за стилски комбинации и на пониските температури.
Откако ви го претставивме џемперчето во кое баш сите тренди дами се вљубија оваа есен, сега ви ја откриваме и неговата модна конкуренција. Во прашање е волуменозен кардиган, кому популарните модни блогерки исто така не му одолеаа.
Рачно плетените парчиња се особено популарни тековната сезона, а меѓу нив секако е и прекрасниот кардиган со предимензионирани ракави, којшто можете да го носите на безброј начини.
Како и обично, најпрво им го украде вниманието, но и срцата на познатите трендсетерки од Инстаграм, кои ги обожуваат плетените кардигани, па ги носат во текот на целата година.
А, кој е „главниот виновник“ за производството на овој топол и неодоливо фенси џемпер, кој мнозинството дами го посакуваат во својот гардеробер за претстојната зима? Одговорот е: грчкиот бренд „Mums Hand Made“.
Како што и самиот назив наговестува, станува збор за рачно плетен кардиган што го изработуваат вешти жени. Достапен е во седум бои – розова, црна, сива, маслинесто зелена, беж, бела и пастелно сина.
Во продолжение, погледнете како модерните и урбани девојки го вклопија во своите стилски комбинации:
М. А. | Црнобело