Модна математика: Колку долго треба да е здолништето според вашата висина?
Кога избирате здолниште кое ви се допаѓа и би сакале да го носите, важно е да знаете дали таа должина ви прилега според тоа колку сте високи.
Со вистинската должина на здолниште, можете да изгледате повисоки и повитки, а ако ја промашите должината, може да дојде до модна катастрофа.
За да го избегнете тоа, треба да знаете која е идеалната должина која вам најмногу ви прилега.
Формулата за пресметување е многу едноставна:
Прв чекор:
Прво треба да го добиете вашиот „златен број“.
Измерете колку точно сте високи, во сантиметри, и тоа од рамената до стапалата. Ако планирате да носите штикли, облечете ги, па потоа измерете.
Тој број поделете го со 1.618 и резултатот кој ќе го добиете е вашиот „златен број“.
Втор чекор:
Одземете го „златниот број“ од вкупната висина и бројот што ќе го добиете е вашата идеална должина на задолниште.
М. В. | Црнобело