Bata колекција за есен/зима 2017

Модерната жена на Bata се карактеризира  со неколку особини – силна, одлучна, храбра, но притоа ја задржува женственоста.  Оваа сезона колекцијата се одликува со минималистички стил со доза на софистицираност и елегантност.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-001.jpg

Чевлите на високи потпетици се добредојдени сè додека нашето движење е флуидно и стабилно, а удобните и елегантни чевли на Bata со Insolia технологијата се вистинко решение за вас.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-1.jpg

За мажите, обувките на врзување доаѓаат во најразлични варијатни – од класичен изглед со „брог“ или точкест дезен или пак „гранџ“ чизми.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-2.png

Знаеме дека чевлите создаваат зависност, но патиките како модел се без сомнение омилени и кај мажите и кај жените, во секоја професија. Патиките се обувки кои се соодветни речиси за секоја прилика, а моделите на Bata го потврдуваат тоа.

Верзијата која го спојува  гламурот и удобноста во металик кожа и детаљ кој ја прави целата разлика: сатенски врвки во истата боја како моделот.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-3.jpg

Машките патики се обновени со мешање на различни стилови. Патиките со ремени наместо врвки се вистинско решение за секој модерен и урбан маж. Друг интересен модел се патиките во „гранџ“ стил со врвки и детали од еко-кожа.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-4.png

Not so minimal – Sofia – најнов тренд

„Софија“ моделот е инспириран од познатата глумица и режисерка Софија Копола. Бледо розови мокасини со брановити набори на предниот дел кои придонесуваат за елегантен изглед. Може да се носат со скини џинс и кратки фустани за да добиете гламурозен изглед, но истовремено се чувствувате и комфорно. Кожната постава дава удобност и е идеална за овој период од годината. „Слип-он“ модел кој е едноставен и лесен за навлекување, изработен од висококвалитетен кожен материјал и атрактивен детаљ на предниот дел .

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-6.png

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-5.jpg

Not so minimal – Leonardo – најнов тренд

Овој модел е инспириран од Леонардо Ди Каприо – удобни и лежерни обувки за секој ден. Кожната влошка и лесниот материјал е идеален за оваа сезона. Овој модел претставува евергрин во универзумот на патики и никогаш нема да излезе од мода. „Леонардо“ патиките се минималистички и елегантни, со обоена кожа и контрастни врвки, кои лесно ќе се прилагодат на различни пригоди – совршено одат и со кошула  и со маичка.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-7.png

Враќање на работното место со нов стил и енергија

Марфиевите закони се јасни: На денот кога ќе се вратите назад на работа после годишниот одмор, небото ќе биде сиво со облаци кои наговестуваат дожд. Па така, во брзање да најдеме нераспарани чорапи, нашата омилена керамичка чаша ќе се скрши, а кафето ќе се разлее насекаде во кујната... Но, сега е моментот да го премотате видеото и да почнете одново: иако не можеме телепатски да го контролираме времето, катастрофалниот ден сѐ уште може да се избегне со неколку трикови: најпрво одберете еден пар чевли кои ќе ја „издиктираат“ гардеробата и ќе го наметнат расположението.

Предлог - носете го лесниот фустан кој сте го купиле на летните попусти и кој ќе го искомбинирате со мокасини со средна висина на потпетици во впечатлива боја и во комбинација со кожна чанта. Доколку се одлучите за панталони, тогаш одберете ги најмодерните спортски мокасини на гумен ѓон.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-8.png

Мажите нема да погрешат со „Дерби“ моделите од кожа во комбинација со џемпер кој ја следи линијата на телото. Доколку сакате да го разбиете строгиот кодекс на облекување може да ги искомбинирате водоотпорните чизми на врзување кои се класичен евергрин.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-9.png

Соработка со Мелиса Сата

Bata оваа сезона ја лансираше и екслузивната и лимитирана колекција – Mellissa Satta x Bata. „My shoes first“ е главниот слоган на кампањата преку која се пренесени желбите на сите жени. Колекцијата претставува стилско патување помеѓу различните дестинации на Мелиса, секогаш настојувајќи  да се приспособи и да се измеша спортскиот изглед и гламурот. Во центарот на вниманието на кампањата се чевлите – единственото парче кое го носи моделот и совршено е во согласност со философијата „My shoes first“.

bata-kolekcija-za-esen-zima-2017-10.jpg

За оваа сезона Bata ќе се погрижи за незаборавни чекори со моделите од есен/зима колекцијата.

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg