Моден водич за мажи: Како да носите сиви панталони?
Сивите панталони најдобро е да ги искомбинирате со бела, сина или црна маичка/кошула за највпечатлив изглед.
Кога станува збор кое парче облека за мажи нуди најмногу можности за комбинирање и разновидност, сивите панталони дефинитивно се победникот.
Дури и ако во прв миг помисливте дека црните панталони триумфираат, разните нијанси на сиво даваат многу поголеми можности. За софистицирана естетика и вистински моден печат, тие се вистинскиот избор.
Еве ги основните работи што треба да ги знаете за комбинирањето на сивите панталони:
Кои бои одат со сиво?
Зависно од нијансата, сивите панталони може да се комбинираат со многу бои. Најдобро прилегаат со сино, кафено, бело и црно. Играјте си со контрастот ако сакате храбар изглед.
Стајлинг со сиви панталони
Можете да ги носите и за формални и за лежерни пригоди, зависно од вашиот стил.
Играјте си со материјалите и со парчињата со кои ги комбинирате. За неформални пригоди одберете маичка, а за формални кошула.
Еве неколку идеи за тренди стајлинг со сиви панталони:
Комбинации на бои
Иако стилот на маичката, кошулата или џемперот што ќе ги искомбинирате со сивите панталони е важен, уште поважна е бојата.
Црна кошула и сиви панталони
Ова е класична комбинација. Темниот изглед ќе ви даде софистицираност, совршена за формални вечерни настани. Додадете оксфорд чевли и црн ремен и подготвени сте за коктелот од работа.
Бела кошула и сиви панталони
Ова е една од најлесните комбинации за носење. Во неа секогаш ќе изгледате одлично, без разлика која нијанса на сива се вашите панталони. Само променете ги вашите чевли и јакна и подготвени сте за разни пригоди.
Сина кошула и сиви панталони
Ова е едноставна, но стилска комбинација. Свеж и префинет изглед, совршен за формални и неформални пригоди.
Комбинации на чевли
Иако црната боја на чевли е добар избор со сивите панталони за формалните пригоди, не заборавајте и на експериментирањето.
Кафени чевли и сиви панталони
За оваа комбинација потребно е да ги изберете вистинските нијанси. За храбар и тренди изглед облечете светло кафени чевли, за потрадиционален изглед облечете темно кафени чевли.
Бургунди чевли и сиви панталони
Бургунди чевлите креираат стилски контраст кога се комбинирани со сиви панталони. Уникатната боја е совршена за оние што сакаат да се истакнат. Додадете и бургунди палто и имате комбинација што не се заборава.
С. С. | Црнобело