Модна дилема: Кое е прашањето што жените најчесто го пребаруваат на Pinterest?

Никогаш не би погодиле кој е одговорот по кого трагаат мнозинството кориснички на популарната социјална мрежа. Нам ни е изненадување, а веројатно ќе биде и за поголемиот дел од вас.

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-1.jpg

Платформата Pinterest е непресушен извор за инспирација на буквално секоја тема – од мода и убавина, преку уредување на домот, па сѐ до патувања и мотивациски мисли.

Од социјалната мрежа први ги дознаваме сите новини и најпопуларните трендови во моментот, а сега откривме и кое е модното прашање што е најпопуларно помеѓу тренди девојките ширум светот.

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-2.png

И, мора да признаеме дека сме поприлично изненадени. Се работи за прашањето „Како да носите хеланки?“, односно со што може да се искомбинира ова парче облека, кое досега беше главно резервирано за манекенките, но и обичните „смртнички“ кои имаат тело за истите.

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-3.jpg

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-4.jpg

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-5.jpg

Станува збор за мошне неблагодарен дел од женската гардероба, бидејќи ги истакнува сите физички атрибути, но и мани на фигурата, па хеланките се моден избор само на најхрабрите жени.

Притоа, спаѓаат во категоријата на спортска елеганција која не е јасно одредена, па не зачудува што девојките ги интересира како правилно да ги носат.

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-6.jpg

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-7.jpg

Манекенките, како Бела и Џиџи Хадид, обожуваат да ги носат „crop top“ маички, обични маици, но и бомбер јакни и дуксери со качулка, па бидете сигурни дека со нив нема никогаш да погрешите.

Кендал Џенер, пак, често ги комбинира и со кожна јакна или палто.

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-8.jpg

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-9.jpg

modna-dilema-koe-e-prashanjeto-shto-zhenite-najchesto-go-prebaruvaat-na-pinterest-10.jpg

Второто прашање кое најмногу ги интересира корисничките на социјалната мрежа е како да ги носат фармерките со „машки“ крој, а кога е убавината прашање, припадничките на понежниот пол и понатаму најповеќе ги занимаат тајните на контурирањето, иако тоа и официјално излезе од мода.

Која е вашата aктуелна модна дилема на Pinterest?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото) Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комби...
12 модни парчиња што треба да ги имате во гардероберот оваа есен Иако чевлите со дебел ѓон сè уште се застапени во голем број продавници, тие се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg