10 бои кои секоја жена треба да ги има во гардероберот за есен 2017
Eсента е на прагот, па вистинско време е да видиме кои се најпосакуваните нијанси за оваа сезона.
Секоја година, експертскиот тим од институтот за бои „Pantone“, ги претставува главните нијанси на годината, а посебен осврт прави и на тоновите што ќе владеат во текот на сезоните.
За сезоната есен-зима 2017/2018, од „Pantone“ понудија палета од десет бои, кои ќе бидат особено актуелни и тренди за време на студените месеци, па секоја модно освестена дама треба да ги има во гардероберот.
А, како главна кралица на есенската сезона е крунисана – црвената боја, која ќе ја гледаме постојано и насекаде околу себе – од облеката и модните додатоци, до шминката.
Во продолжение, ви откриваме кои се најпосакуваните нијанси за претстојната сезона, но и темата која стои зад секоја од нив:
1. Grenadine 17-1558
Свела, раскошна и жива - таа една од највпечатливите бои од црвената палета.
Претстојните есен и зима, пожелно е да си набавите барем едно модно парче во оваа нијанса.
Но, не заборавајте да ја имате и во чантичката за козметика, бидејќи црвениот кармин во интензивно црвен тон е есенски „must have“.
Со оваа боја, го привлекувате сето внимание на себе, а во тренд е потполно црвен изглед, како и комбинација на црвената со помирни и длабоки тонови на сина или сива.
2. Tawny Port 19-1725
Додека црвената е поврзана со задоволството и самодовербата, бордо црвената боја делува поелегантно и попрефинето.
И бургунди нијансата припаѓа на црвеното семејство, па изгледа моќно дури и во монохроматска верзија.
Но, доколку сакате, може да ја комбинирате со било која друга нијанса од модерната палета за есен-зима 2017/2018.
Со оваа боја, имате можност да креирате соодветен изглед за речиси сите прилики – од романтични до деловни состаноци.
3. Ballet Slipper 13-2808
Иако модата е навикната на светли, па дури и интензивни розови тонови, оваа нијанса е исклучително префинета, а изгледа прекрасно во комбинација со сивата боја, или, пак, со богатата нијанса на путер.
Нијансите може да ги искористите и како основа за дизајн на модерна гардероба во сезоната есен-зима 2017/2018.
4. Butterum 16-1341
Практичните нијанси во месо боја, никогаш нема да излезат од мода.
Дури и кога трендот на природноста е малку одминат, сепак, неутралната беж нијанса се најде во топ десетте модерни бои за студената сезона.
А, таа е вистинска есенска боја. Со топлиот црвенкасто-кафеав подтон, идеално се комбинира со модерната и обемна трикотажа, откривајќи ја самата структура на на ткаенината.
Исто така, здолништата и блузите изгледаат подеднакво добро во бојата која ги слева путерот и румот во неодолив микс.
5. Navy Peony 19-4029
Неутралните бои, како темно сината се идеален избор за современите дами, а за оваа сезона, морнарско сината е нијансата која совршено ќе се вклопи со останатите бои во гардеробата.
Доколку посакувате оваа нијанса да биде главната, односно таа што ќе доминира на вашата облека, тогаш ќе изгледате сјајно.