10 бои кои секоја жена треба да ги има во гардероберот за есен 2017
6. Neutral Gray 17-4402
Уште една неутрална боја, која е поврзана со стабилноста, спокојството, па дури и одредена тежина.
Неутралната сива нијанса, со благо прашлив подтон, претставува идеален одговор на институтот Pantone, до сите луѓе кои копнеат по неутралните бои и есенската меланхолија.
Притоа, бојата е модерна, па погодна е за креирање деловен изглед, или, пак, за секојдневните излегувања, а доколку додадете и малку крзно, сјај и сина нијанса, може да добиете одлична вечерна варијанта.
7. Shaded Spruce 19-4524
Веројатно веќе знаете дека свежо зелената нијанса - Greenery - беше именувана за боја на 2017-та година.
Но, нејзината смелост и динамика не се погодни за наесен. Затоа, заменета е со боја која проникнува во длабочините на океанот, а претставува и сјајот на зимзелените дрвја и шумската ладовина.
Мантилите, здолништата, фустаните и бундите во оваа раскошна боја станаа ѕвезди на модните ревии, а сосема сигурно е дека наскоро ќе ги освојат и градските улици.
8. Golden Lime 16-0543
Сончево жолтата и сочната зелена беа меѓу основните бои изминатата пролет.
А нивната несекојдневна мешавина, наречена „златна лимета“, пак, ќе ги освежи колекциите и оваа есен.
Таа е една од најнеобичните нијанси за сезоната есен-зима 2017/2018.
Светските дизајнери претставија свои варијации во колекциите, хармонично вклопувајќи ја со цел спектар на темни бои, од бургунди до сина и црна боја.
9. Marina 17-4041
Бојата на морска вода, можеби е една од најочекуваните нијанси за претстојната сезона.
Умерено светла, весела, но истовремено и неверојатно елегантна, таа 100% ќе ја разблажи основната гардероба во неутрални бои.
Нијансата на морските бранови, најдобро е да ја комбинирате со бели, сиви, беж, и секако, сите црвени тонови.
10. Autumn Maple 17-1145
И на крајот, една навистина есенска боја. Без разлика дали станува збор за темна портокалова, црвенкаста, или, пак, жолткаво-кафеава, таа совршено се вклопува во секоја ситуација.
Бојата на есенските лисја, желади, печурки и тикви, како и залезот на сонцето, идеално се прилагодува на неутралните, но и сините тонови.
М. А. | Црнобело