Нов бизарен моден тренд – проѕирни фармерки (фото)
Од сите бизарни и чукнати работи кои има да ги понуди модниот свет, овојпат во фокусот се проѕирни фармерки. Да, добро прочитавте.
По проѕирните чизми на ред доаѓаат и фармерките. Сите всушност се прашуваат од каде знаеме дека се фармерки, но популарниот Top Shop бренд која е одговорен за нивното креирање и производство појасни дека станува збор за Clear Jeans.
Се продаваат по цена од 55 фунти и останува прашањето – кој би сакал да ги носи?
Можеби некој што го обожава чувството кога си во сауна. Дали навистина модните трендови отидоа предалеку?
Во секој случај, објаснувањето кое стои на етикетата е дека фармерките се идеално парче кое ќе привлече внимание на фестивал или маскенбал.
Се согласувате? Би носеле проѕирни фармерки?
(O)Милена | Црнобело