Тренд аларм: Високо струкирани панталони со широки ногавици (фото)
Веројатно нема жена која не ги обожува тесните припиени фармерки и панталони, но во екот на жешката летна сезона сите сакаме нозете да ни „дишат“ малку повеќе.
За среќа, новиот летен тренд е сосема во склад со високите температури – струкирани, но удобни панталони кои надолу благо се прошируваат и завршуваат со екстра широки ногавици.
Популарниот модел ќе го пронајдете под називот „Cullote pants“.
Малку е да кажеме дека ги обожаваме, бидејќи изгледаат прекрасно на скоро секоја фигура, лесно се комбинираат и удобни се. Совршено одговараат и со ниски, но и високи потпетици, како и патики или папучи.
Ова лето задолжително имајте барем еден пар широки струкирани панталони чии краеви ќе се лелеат по жешкиот асфалт:
(O)Милена | Црнобело