13 идеи за шик деловен стајлинг во овие пеколно жешки денови
Високите температури ја зафатија цела Македонија, а по искористувањето на стариот одмор во периодот на исчекување на новото заминување на плажа, сепак мораме да одиме на работа.
Сигурно и вам ви се случува наутро да стоите пред гардероберот и да се чудите што да облечете за да изгледате добро, а да ги преживеете пеколните горештини.
Ова знае да биде вистински предизвик. Затоа ние ви откриваме неколку трикови кои ќе направат вашиот летен стајлинг да биде шик и практичен, а сепак соодветен за на работното место.
Облечете бела кошула со долго впечатливо здолниште или широки панталони во ведра боја. Изгледот надополнете го со салонки.
Никогаш нема да погрешите со црно – бела комбинација. За кул изглед надополнете со модни додатоци во силна боја.
Кусото здолниште балансирајте го со кошула на долги подвратени ракави.
Никогаш не ја потценувајте моќта на откопчаното копче без разлика дали станува збор за кошула со здолниште или пак за фустан.
Додадете боја со комплет кошула и здолниште.
Фустанот од шифон со долги ракави е совршен за оние денови кога доцните на работа, но сепак сакате да изгледате беспрекорно.
За романтичен летен изглед искомбинирајте свилена кошула со копчиња со соодветно здолниште.
Прегрнете ги боите со тесно колор – блок здолниште и дополнете со храбар накит.
Искомбинирајте асиметрична кошула со фустан со миди должина.
Лесните материјали ќе направат да не покажувате многу гола кожа, а сепак нема да ви биде претопло.
Макси здолништето веднаш ќе направи да изгледате префинето.
Белите панталони искористете ги како празно платно за креирање на совршен летен изглед.
Класичното тесно здолниште овој пат нека има впечатлив графички принт.
С. С. | Црнобело